Адвокатот на Села се надева дека ќе има и други обвинети за обидот за убиство
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Меѓу 10 и пол и 13 и пол години затвор добија седумтемина обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Неговиот правен застапник Абедин Абдули рече дека ќе се изјасни дали е задоволен од пресудата откако ќе го прочита образложението. Тој се надева дека на есен ќе има ново обвинение за нападот врз Села за напаѓачите кои биле дополнително идентификувани.