Кинеските инвестиции во Европа под лупа на ЕУ
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кинескиот премиер Ли Киџијанг в сабота во Софија ќе се сретне со лидерите на земјите од источна Европа каде што ќе бидат разгледани ветувањата на Пекинг за големи инфрастуктурни договори во регионот. Државите од Балтикот до Балканот на таканаречниот самит „16+1“ се надеваат на свежи пари од кинеските компании поддржани од државните банки.