Тодоровиќ ги вратил парите, но ќе одговара кривично за мостот „Око“

Згради и споменици кои се дел од проектот Скопје 2014

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, за криминал при изградбата на пешачкиот мост „Око“. Пријавените се согласиле да ја надоместат штетата во целост но постапката против осомничените продолжува.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ, за криминал со кој е оштетен буџетот на општината во висина од 436.000 евра за изградба на барокниот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“

На прес конференцијата, директорот на Управата Арафат Муареми рече дека освен за Тодоровиќ кривични пријави се поднесени и за други двајца вработени во општината - поранешен секретар, и вработен во секторот за градежно уредување.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тодоровиќ вратил 433 илјади евра во буџетот на општина Центар за мостот “Око“

Тие се осомничени за „несовесно вршење на службената должност“ затоа што, како што објасни Муареми „не презеле активности да го заштитат буџетот на општина Центар со враќање на платениот аванс и продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција поради неквалитетно и ненавремено извршување на работите од страна на изведувачот Конструктор-Инжинеринг АД за градежништво Сплит.

Директорот на финансиската полиција Муареми рече дека пријавените се согласиле да ја надоместат штетата во целост и дека веќе добиле потврда од Општина Центар дека тие ги вратиле парите на сметка на општината на 30ти јуни, но оти постапката против осомничените продолжува.

По извршените разговори со тројцата осомничени тие се согласија да ги вратат парите кои веќе се уплатени на сметката на општина Центар. Но ова не значи дека постапката против осомничените ќе биде запрена. Истражната постапка продолжува и верувам дека кривична одговорнсот ќе има, изјави директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.

Сузана Петровска од Финансова полиција изјави дека Тодоровиќ и двете други лица вработени во општината извршиле прекршување на повеќе закони, неисплата на банкарски гаранции и злоупотреба на службената положба и овластувања.

„Пријавените при вршење на дискреционото овластување и со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле на име на неплатени банкарски гаранции за аванс во износ од 8.773.714.00 како и не наплатена банкарска гаранција за навремено извршување на работата во износ од 17.897.710,00 денари“ изјави Петровска.

Како што информираа од Управата за финсиска полиција ,вкупната сума на мостот „Око“ изнесува над 91 милион евра.

Директорот на управата, Арафат Муареми, рече дека другите предмети од проектот „Скопје 2014“ за кои е надлежна финансиска полиција се во предистражна постапка, а за мостот „Око“ целосно е завршена истрагата. Тој рече дека постојат сомневања за одлевање пари од земјава и за другите истраги од „Скопје 2014“.

Инаку и СЈО над од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за случајот се телефонски разговори и начинот на кој се градел.