Суад Абдерахим, која беше прва на листата на исламистичката партија „Ан Нахда“ на локалните избори во Тунис, е избрана за градоначалничка на истоимениот главен град на земјата со што стана првата жена на оваа функција. Абдерахим, која е член на политичкото тело на „Ан Нахда“, но се изјаснува како независна, беше избрана денеска од страна на новите општински советници со 26 гласа, наспроти 22 колку што доби нејзиниот ривал Камел Идир. “Ја посветувам победата на сите жени во мојата земја, на целата младина на Тунис. Најважната задача ќе биде подобрување на естетскиот облик на Тунис ”, изјави 53- годишната Абдерахим, која е на чело на фармацевтска компанија.