Не само каматите туку комплет долговите да се бришат

Дел од граѓаните коментираат дека треба да се отпишат каматите на долговите на граѓаните кои се соочуваат со наплата на десеткратно повисоки суми од извршители. Тие велат дека има луѓе кои имаат минимални примања. Невладините организации бараат целосно отпишување на долгови, а не само на каматите.

Предлог законот за отпишување на камати на долгови не ги израдува засегнатите граѓани кои од државата бараат целосно отпишување на долгови на сметките кои се постари од три години, a и во јавноста има различни видувања за ова решение кое влезе во собарниска процедура.

Дел од граѓаните велат дека најголeмиот проблем е што има многу луѓе кои поради сиромаштија не може да си ги платат сметките и оти на овој начин ќе се решат проблемите на илјадници луѓе кои се соочуваат со долгови и наплата на десеткратно повискоки суми од извршителите. Има и такви кои сметаат дека решенето не прaви рaзлика меѓу тие што редовно си ги плаќаат сметките и бараат еднаквост.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дали да се отпишат каматите на долговите?

"Се сложувам да се отпишуваат каматите. Гревота е, за некои луѓе за илјади денари им дошла сметка од 12 -13 илјади денари".

"Со извршителите луѓето буквално беа глобени. Јас личнo сум видела за долг од илјада денари некој да плати пет илјади денари"

"Нeка се отпишат да заврши таа приказна која е 50 години стара, едни плаќаат, а други не. А, што правиме со тие што плаќаат, ќе им се додаде нешто?"

"Правилно е да се отпишат каматите, но во поинаква состојба се оние што ги плакале сметките, треба да важи за сите"

"Немаме сите еднакви плати и пензии. Кога во четиричлно семејство, има само еден кој работи, а тој зема минимална плата, зошто да не се помогне. Нели сме хумана држава, ако имале можности ќе си ги плаќале, нема да ги оставеле така, знаат што следува потоа. Во ред е", коментираат дел од граѓаните.

Со предлог законот се предвидува да се отпишат камати за долгови направени до јуни 2011 година, бидејќи тогаш од судовите кај нотарите и извршителите завршија околу 200 илјади предмети. До ова дојде кога стапи во сила трансферот на извршната функција од редовните судови на овластените извршители.

Законот за отпишување на камати на долгови, беше заеднички предлог на власта и опозицијата.

Но, јавната расправа по Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште во второ читање, организирана во рамки на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, покажа дека законот е неприфалтив за невладините организации во кои членови се и граѓани кои се диретно засегнати од решението. Некои од нив коментираа дека грѓаните кои имаат енормно високи застарени сметки се жртви на корумпираниот режим, оценувајки дека нивната сиромаштија е директно условена со штетните и погрешните економски политики на владеачките елити. Ана Глигорова од невладината организација "Човекот над профитот" побара социјални мерки за да се спаси државата од масовното иселување на младите луѓе, оценувајќи дека во иднина извришители ќе може да тропнат само кај пензионерите.

Таа ги посочи искуствата на Шведска, Холандија, Норвешка, Италија и други држави, објаснувајќи дека таму ако некој доцни со наплата прво на врата му доаѓа социјална служба, а не извршител.

„Таму не те остава државата на милосот на арачот на извршителите. Не може за илјада денари некој да се плаќа осумдесет илјади денари. Што ке напалаќаме сметки пред 12 или 20 години, такви сметки ли ќе плакаме? Го газиме правото. Каде биле доверителите. Во меѓувреме имавме трансформација на државен капиатал во приватен, кај некои од компаниите" вели Глигорова.

Таа допoлнува дека во Македонија најчесто луѓето имаат плата во висина од 200 евра, а пензија од 140 евра.

"Дали може човек кој зема 200 евра плата да плаќа сметки кои се 100 евра и повеќе, да плаќа тој кој живее без струја и без вода, зашто негде има исклучено и вода и струја. Ја гледам таа сиромашатија, секој ден ми пишуваат, треба државата да донесе социјалани мерки, младите ја напуштаат Македонија, на кого ќе извршувате за сметки, на пензионерите над 70- години?“ изјави Глиговора.


Пратеникот Панчо Минов, образложи дека постојните тарифи кај извршителите и нотарите се превисоки и се очекува член 7 од Предлог законот да резултира со најмалку 50 проценти намалување на трошоците за извршување по однос на опфатените предмети.

Тој рече дека треба да има регуларна процедура а не принуда.

„Кај дел од приватни компани ЕВН, Топлификација, телефонијата има состојба за тоа да одлучуваат на управите органи и има добро расположение за таа работа. Понаку неможеме. Друго решение нема. Сите сакаат и долгови да се отпишат, ама зборуваме за закон, а не што ние сакаме. Ќе бидам среќен ако во дотерувањето на предлог законот најдеме и такви решенија“, изјави Минов

Предлог законот се однесува на оние предмети кои се во фаза на предлози за извршување, а не се правосилни или предлози за извршување по однос на веродостојна исправа за кои не се донесени правосилни решенија до мај 2006 година, односно за предмети кај кои е започната постапката, на пресуди во однос на издадени платни налози за предмети кои што не се трансферирани од судот до нотарите и извршителите овој закон го ограничува важењето на отписот на камата, бидејќи и главниот долг веќе е застарен.