Судот денеска го одложи судењето за предметот „Титаник“ за 16 август поради породилното отсуство на обвинетата поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Да е живо и здраво бебето“, рече во Судот судијата Осман Шабани и ги задолжи адвокатите на одбраната да ѝ пренесат на Јанкулоска дека ѝ се дадени 45 дена да биде со бебето, но дека мора да се јави на рочиште на 16 август.
Шабани соопшти дека „Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска побарале да се исклучи јавноста кога ќе се слушаат бомбите поради заштита на приватниот интерес, а било побарано и Судот да утврди дали СЈО ги прибавило бомбите во согласност со законот за заштита на приватноста“.