Протести против имиграционата политика на Трамп

Стотици илјади демонстранти излегоа низ улиците ширум Соединетите Држави за да протестираат против раздвојувањето на децата од родителите имигранти на американско-мексичката граница и бараат од администрацијата на претседателот Трамп во најкратко време да ги спои разделените семејства. Повеќе од 700 маршеви се одржаа во градовите кои се пријателски настроени кон мигрантите, Лос Анџелес, Њујорк, Вајоминг.

Протестантите беа облечени во бело и носеа транспаренти: “Не сакаме веќе деца во кафези” и “Што е следно”? Наоѓајќи се на мета на жестоки критики од земјата и странство, Трамп се откажа од натамошно разделување на мигрантските семејства. Трамповата "нулта толеранција" кон мигрантите на границата со Мексико,од средината на април, доведе до разделување на повеќе од 2000 деца од нивните родители кои се обидуваа илегално да влезат во САД, бегајќи од насилство, прогон и тешка економска ситуација во нивните земји