Царовска: Во Визбегово не се гради камп за мигранти

Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти, тврди министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа на социјалната мрежа Фејсбук сподели статус во кој апелира граѓаните да не наседнуваат на лажните информации.

„ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти“, апелира Царовска.