Импичментот за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов е подготвен, но се чека „вистинскиот момент“ тој да биде доставен до Собранието, изјави денеска пратеникот на ДУИ, Артан Груби.
„Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот“, рече Груби.
Иванов, според него, предводи мала група која, како што рече, „е против евроатлантска интеграција на земјата“.