Светската фудбалска федерација ФИФА парично ги казни репрезенттивците на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Штефан Лихтштајнер. Џака и Шаќири ќе платат по 10 илјади, а Лихтштајнер 5 илјади швајцарски франци поради однесувањето на натпреварот против селекцијата на Србија на Светското првенство во Русија. Тие на овој меч головите ги прославија со гестови на рацете во облик на двоглав орел. Казна доби и Фудбалскиот сојуз на Србија кој треба да плати 54 илјади франци поради однесувањето на навивачите на натпреварот со Швајцарија, како и селекторот на реперезентацијата Младен Крстајиќ кој треба да плати 5 илјади франци за изјавите по натпреварот.