Апели за преговори, Скопје 2014 како заробена држава, Симулација на војна...
МАКЕДОНИЈА - Со проектот Скопје 2014 се суспендирани Уставот и законите, злоупотебени се и узурпирани надлежностите на одговорните институции за на криминален начин да се одлеат буџетски пари за стекнување незаконски профити, е заклучокот од конференцијата Заробена држава - илустрирана преку случајот: изградба на проектот Скопје 2014 во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија
МАКЕДОНИЈА - ДУИ им предложила на владините коалициски партнери да направат заедничка кампања за прифаќање на Договорот пред есенскиот референдум, изјави вицепремиерот Бујар Османи и додаде дека на избори секогаш сме се делеле, а сега е време да бидеме сите заедно за успешна иднина на Македонија.
МАКЕДОНИЈА - Специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека се додека не се проверат сите документи и не биде утврдено каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Македонија или надвор и кој ги користи, нема да се отвори истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот Скопје 2014.
МАКЕДОНИЈА - Партијата Единствена Македонија, која е македонски пандан на путиновата Единствена Русија формирала задгранични комитети во македнската дијаспора.
БЕЛГИЈА - Ден пред клучниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на кој треба да се разгледува препораката за почеток на преговорите со Македонија, шефицата на европска дипломатија и безбедност, Федерика Могерини, уште еднаш ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.
МАКЕДОНИЈА / АВСТРИЈА - Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји, туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполнат. ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија, изјави австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл.
ГРЦИЈА - Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, во интервју за Еуроактив, изјави дека Европа треба да го исполни даденото ветување кон Македонија и Албанија и да почне преговори. Тој ја повика Франција, која важи за противник на одлуката за преговори, да се согласи за да нема дестабилизација на Балканот.
КОСОВО - Првите обвиненија за воени злосторства направени од поранешната ОВК специјалниот суд би можел да ги поднесе во септември годинава, објави весникот Бота сот.
САД - Со симулација на војна Пентагон утврдил дека во случај на воен конфликт со Русија во Европа, НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија во Европа, објави американскиот весник Вашингтон пост.
МЕКСИКО - Во истрагата за убиството на кандидатот за градоначалник на мексиканскиот град Окампо, Фернан Хуарес, а под сомнение за вмешаност, уапсени се сите 27 полицајци вработени во полициска станица во градот, објави Би-Би-Си