Со проектот „Скопје 2014“ се суспендирани Уставот и законите, злоупотебени се и узурпирани надлежностите на одговорните институции за на криминален начин да се одлеат буџетски пари за стекнување незаконски профити. Тој проект не е илустрација на заробена држава, туку производ и отелотворување на самиот поим заробена држава.
Ова се заклучоците од конференцијата „Заробена држава - илустрирана преку случајот: изградба на проектот „Скопје 2014“ која денеска ја организираше Транспаренси Интернешнл Македонија.
„Не можевме да најдеме подобар пример за илсутрација на заробена држава, не само во Македонија, туку и во регионот“, рече на конференцијата претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева.