Од американскиот Стејт департмент потврдија дека уште еден американски дипломат, прв во последните 10 месеци, бил жртва на мистериозно заболување, кое до сега беше констатирано кај 24 Американци на Куба.
Станува збор за првиот медицински потврден случај во Хавана, од август 2017 година. Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент сега порасна на 25, изјави портпаролката на американската дипломатија пред новинарите во Вашингтон.