ЕУ против зголемувањето на платите на косовската Влада

Во интервју за порталот „Газета Експрес“, шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова, го критикуваше зголемувањето на платите на косовскиот премиер и министрите, која беше поддржана и од Уставниот суд, јави МИА од Приштина.

Ваквата одлука, со која премиерот Рамуш Харадинај ги зголеми двојно платите за себе (од 1.430 на 2.950 евра) и членовите на Владата, според Апостолова, е спротивна на препораките на ЕУ во однос на јавната администрација.