Марихуаната во Канада ќе биде легална од 17 октомври

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека конзумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе се легализира од 17 октомври.

Законот, кој го поднесе либералната влада на премиерот, неделава е усвоен во двата дома на Pарламентот и вклучува преоден период од 8 до 12 недели за да им се даде време на осумте провинции и три северни територии на Канада да организираат продажба на марихуана за рекреативни цели во специјализирани продавници.

Трудо информираше дека провинциите побарале повеќе време и затоа законот ќе влезе во сила 17 недели по неговото усвојување.