МНР ги извести грчките колеги дека договорот е ратификуван

Архивска фотографија-зградата на Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи денеска ја испрати нотата до грчкото МНР, со која ги известува дека Договорот за решавањето на прашањето за името и за стратешко партнерство е ратификуван во Собранието, потврдија од македонското МНР.

Откако ќе ја добијат нотата, се очекува грчките власти да достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша и го достави Законот за ратификација на Договорот на потпис кај претседателот, Ѓорге Иванов. Тој има рок од седум дена да одлучи дали ќе го потпише Договорот, кој во неделата во Псарадес го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.