Еден од највлијателните српски владици, бачкиот епископ на СПЦ Иринеј, изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“.
„Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана и произволна пресуда во случајот на скопскиот и украинскиот раскол, тоа ќе биде израз на голема заблуда, голема духовна грешка и од аспект на поредокот на православната црква и канонските закони, целосно ништавно“, изјавил владиката Иринеј за српскиот весник „Политика ".
Тој додава дека говори целосно хипотетички, бидејќи длабоко верува дека до тоа нема да дојде.