Претседателот Ѓорге Иванов, преку соопштение, денеска го повика премиерот Зоран Заев да покрене постапка за импичмент, најгалсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.
„Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент“, се вели во пишаната изјава од претседателот Иванов.