Германија и Франција сакаат воведување заеднички буџет за еврозоната со цел подобро да се брани од кризи, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во близина на Берлин. Макрон изјави дека таков буџет би можело да биде воспоставен во 2021 година, ако предлогот го одобрат и преостанатите 17 земји членки на еврозоната. Берлин долго време беше воздржан околу формирањето на ваков начин на финансирање за еврозоната, страхувајќи дека послушните земји кои имаат буџетски суфицит како Германија, би биле принудени да плаќаат за земјите со лабава финансиска политика како на пример Италија и Шпанија.