Американскиот стејт департмент соопшти дека Соединетите држави се сериозно загрижени пореди „зголемувањето на бројот на лица кои властите во Русија ги осудија на затворски казни поради изразување на политички или религиозни ставови“.
„Посебно сме загрижени за здравјето на четворицата Украинци неправедно осудени на казни затвор, кои моментно штрајкуваат со глад“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт, посочувајќи ги случаите на режисерот Олег Сенцов, на Станислав Кљух, Олександар Шумков и Володимр Балух кои се осудени на долгогодишни затворски казни во Русија.
„Исто така сме огорчени од случајот со Ојуб Титиев, борец за човекови права од Чеченија, раководител на огранокот на Меморијал во Грозни, осуден врз основа на фабрикувани обвиненија за поседување дрога, чиј притвор неодамна беше продолжен“, додаде Нојерт, јави МИА од Вашингтон.