Неколкумина претставници на граѓаните, кои протестираа против договорот со Грција за името отидоа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и побараа средба со партискиот лидер, Христијан Мицкоски.
Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев за МИА рече дека ќе побараат во разговорот со Мицкоски пратениците да дадат оставка и да излезат пред Собранието да ги поддржат граѓаните во протестите против договорот за името.
Поголемата група од Здружението се врати пред Собранието каде што ќе продолжат со протести.