Бројот на мигранти што се движат преку Балканот е во пораст и итно е потребна основна хуманитарна поддршка, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
МКЦК и Црвената полумесечина соопштија дека од почетокот на годината до сега, повеќе од 5.600 мигранти влегле во Европа преку Грција и дошле до БиХ во однос на 754 колку што се регистрирани лани.
Црвенот крст нагласува дека во Црна Гора се регистрирани 557 барања за азил што е најголем број во изминатите пет години.
Регионалниот директор за Европа, Симон Мисири, изјави дека на неговата канцеларија за Балкан и е потребна поголема помош за да се справи со зголемениот број мигранти.