Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Скопје

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Немири пред Собрание

Во Скопје вечерва дојде до судири меѓу полицијата на демонстрантите кои го нападнаа полицискиот кордон пред Собранието на Македонија.

Голема група граѓани вечерва пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец и шок бомби за да ја растера групата која ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата во акцијата употреби и окопни транспортери.

Вечерва групата пред Собрание е растурена, но потоа помали групи демонстранти се судираа со полицајците низ улиците околу Македонскиот Парламент. Демонстрантите фрлаа пиротехнички материјал, факли, петарди, камења и шишиња.

Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.

Тие протестираа против договорот со Грција што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Демонстрантите му даваа подршка на Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

На протестите беа присутни Јанко Бачев од Единствена Македонија поранешните пратеници Солза Грчева, Филип Петровски и Александар Пандов.

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори. Засега нема информации за број на повредени граѓани.