ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства на капитулацијата што денеска ни ја сервираа и сите обиди за деградирање на суверенитетот на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Битола.
„Македонија е името со кое се препознаваме и разликуваме од другите. Тоа е нашиот код. Верувам во принципи и вредности и не можам да бидам ништо поинаку од она што се моите принципи и вредности, а за сè ова што сега ѝ прават на Македонија ќе дојде денот кога ќе одговараат пред законите и пред народот, истакна Мицкоски.
На денешниот мирен протестен марш во Битола, опозициската партија воедно го одбележа денот на основањето, 28 години ВМРО-ДПМНЕ.