Со солзавец спречени демонстрантите да влезат во Псарадес

Грчката полиција спречи националисти кои протестираат да ја попречат церемонијата на потпишување на Договорот за решавање на спорот со името.

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои се обидуваа да упаднат во безбедносниот периметар и да стигнат до селото Псарадес.