Под мотото „Струмица и Струмичко против рудникот на смртта“ денеска се одржа протестен марш против отворањето на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Учесниците на маршот тврдат дека нема да дозволат отворање на рудник бидејќи тоа ќе влијае на нарушување на целокупната еко рамнотежа во Струмичкиот регион.
По завршувањето на протестниот марш со реакција се огласија од компанијата „Еуромакс ресоурсис“ која е концесионер на рудникот. Оттаму соопштија дека рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство.