Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска излегоа на терен, да извршат увид на штетите врз земјоделските посеви по вчерашното невреме во овчеполскиот регион.
Според првичините проценки, како што информираат од МЗШВ, во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари.
Утврдено дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти. Селото Црниште од вчера е без струја и вода