Иванов – Не потпишувам

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Нема да го потпишам „штетниот“ текст на договорот за името постигнат меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, рече Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до нацијата. Иванов не прифаќа промена на уставното име. Тој смета дека договорот е штетен, недостоинствен, неуставен и неприфатлив.