Претставена Национална стратегија за сајбер безбедност

Министерот Дамјан Манчевски

Синхронизираност на институциите, холистички пристап во насока да се обезбеди сајбер простор, кој ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да уживаат во бенефитите на дигиталната технологија, но и да се заштитат од опасностите, кои со себе ги носи секоја технологија во историјата на човештвото е императивот на Националната стратегија за сајбер безбедност, чија работа верзија денеска беше презентирана на јавна расправа со учество на претставници на институциите, невладиниот сектор и академската заедница.

„Кога зборуваме за сајбер безбедноста, обично го претставуваме Интернетот како страшно и мрачно место, полно со ризици, закани, стапици и длабоки дупки во кои што можеме да пропаднеме и при најмало невнимание“, порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.