Столтенберг по поздрави договорот за името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави договорот за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Ги повикувам двете земји да го финализираат договорот постигнат од двајцата лидери. Ова ќе го стави Скопје на патот кон членство во НАТО, а тоа ќе помогне да се консолидираат мирот и стабилноста на поширокиот регион на Западниот Балкан“, се наведува во реакцијата на Столтенберг.