Хан и Могерини им честитаат на Заев и на Ципрас за договорот

Eврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името.

Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори.

„Ова, не само што е заслужено како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина“, се наведува во соопштението.