Република Северна Македонија за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот ќе биде македонски или на англиски Macedonian без фуснота, националноста македонска/граѓани на Република Северна Македонија или на англиски Macedonian/citizens of Republic of North Macedonia.
Ова е решението за спорот за името кое го постигнале премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Заев во моментов ги соопштува деталите од решението на прес конференција во владата на која е придружуван од сите министри.