Случајот Тимјаник покажа дека ни треба време да пораснеме

Мила Царовска, Претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

На македонското население му треба едукација а не само кампањи, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по отпорот во селото Тимјаник да се отвори мал групен дом за лица со попреченост. Претставникот на УНИЦЕФ вели дека во Македонија главна пречка е сиромаштијата.

Локалните институциите беа запознаени дека се планира отворање на мал групен дом во Тимјаник, но потребнo е време, едукација и подолготрајна кампања за луѓето во Македонија да станат свесни дека лицата со попреченост треба да бидат вклучени во општеството, изјави министерката за труд и социјалана политика Мила Царовска

До нејзиниот коментар доаѓа откако во јавност се создаде слика за неуспех на идејата за де-институционализација, односно преместување на лицата со попреченост од иниституции во мали групни домови, поради отпорот на жителите во неготинското село Тимјаник кое треба да биде местото каде треба да продолжи уште еден од проектите во процесот на де-институционализација и вклучување во општеството на лицата со попреченост во Македонија.

Минситерката Царовска рече дека не се откажува од Тимјаник и оти има простор за разговор во ова село да се отвори и градинка за тамошните деца, како што им се ветувало пред избори, и мал групен дома за лицата со попреченост.

"Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму. Сакаме жителите да разберат за што се работи. Има простор за дискусија независно дали ќе се отвори и градинка и мал групен дом. Ќе покажеме дека можеме да пораснеме како општество, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Како и да е, во поуките што може да се извлечат од случајот Тимајник е како да се планира деинституционализацијата.

Главната пречка во Македонија, според Бенџамин Пертс претставник на УНИЦЕФ, е тоа што многу луѓе се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Во својата изјава тој нагласи дека е потребно е да се преземат конкретни чекори со кои ќе се земат предвид и приоритетите на луѓето кои живеат во Тимјаник и да не се дозволува да се натпреваруваат нивните приоритети со тие на лицата со попреченост.

„Кај повеќето луѓе вчера повеќе не беше проблемот во тоа дека имаат против децата со попреченост туку тоа дека имаат против нивната сиромаштија. Треба да земеме предвид дека имаа свои приоритети и да не дозволиме да се натпреваруваат нивните приоритети со нашите. Да се потсетиме дека во оваа земја има 28 проценти деца кои живеат во сиромаштија и дека има проблеми со опфататот во образование и со вработување. Има повеќе нивоа кои треба да бидат земени предвид“ изјави претставникот на УНИЦЕФ Пертс

УНИЦЕФ обезбедува подршка за Владата да ја оствари заложбата да се се стави крај на сместување деца под 3 годишна возраст во големи институции до 2020 година, а тоа значи обврска да се обезбедат услови за секое дете во земјава да расте во безбедна и грижлива семејна средина.

" За да не се повторуваат вакви ситуации, важно е населението да биде сослушано од локалните заедници и да се земат предвид неговите укажувања и проблеми, но треба и да му се објасни за што точно станува збор", потенцира Перкс.

Процесот на де-институционализација во Македонија започна во 2000 година, но со години беше замрен и мината година повторно е активиран. Досега 302 деца се сместени во 172 згрижувачки семејства, а нови 75 семејства во пооследните две недели се пријавиле дека сакаат да бидат згрижувачи.

Министерката најави дека до крајот на годинава најмалку пет деца треба да излезат од Домот во Демир Капија каде се сместени околу 200 лица, а од Домот „25 Мај“ сите 25 ќе излезат одеднаш и тоа се очекува да биде реализирано до крајот на овој месец.

Постојат многу студии кои покжуваат дека подигањето деца во грижлива семејна средина обзебедува најдобри резултати за физичкиот когнитивниот и емоционалниот развој на децата

Министерката Царовска рече дека е изработен план за деинституционализација и оти се преземаат чекори за преселување на лицата со попреченост од институциите во семејства или мали групни домови во рамки на програмата за подршка на лицата со попреченост и нивно вклучување во општеството.

Во изминатиот период Македонија добиваше критики поради начинот на постапување кон лицата со попреченост особено во институциите. Институционализацијата потекнува од времето на поранешна Југославија, па и не изненадува што процесот се соочува со проблеми. Претставникот на УНИЦЕФ рече дека кога има транзиција реакциите како во Тимјаник се очекувани и оти и земји во ЕУ имале слични проблеми пред 25 години кога започнал процесот на обезбедување семејно згрижување на лицата со попреченост или нивно сместување во мали домови наместо во големи институции.