Република Северна Македонија, потпишување на договорот во сабота, тврдат грчки медиуми

Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев се договориле за името - Република Северна Македонија, а договорот ќе го потпишат најверојатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат дел од медиумите во Грција.

Сепак, додаваат тие, сѐ ќе биде појасно по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките медиуми коментираат дека е клучен и веројатно ќе доведе до решение, јавува МИА од Атина.

„Скопско прашање: еден чекор пред договор“; „Денес се затвора скопското прашање“; „Денес клучниот телефонски разговор“; „Северна Македонија договорено име“, се дел од насловите во грчките медиуми, во пресрет на денешниот, нов, телефонски разговор.