МВР: Пријавени оштетни возила од невремето

Невреме во Скопје. 09.06.2018

Сообраќајот по улиците во Скопје по невремето е нормализиран, откако пренасочувања имало кај кружниот тек кај Континентал и на улица „Цветан Димов“, а пријавено е оштетување на 10 возила, соопштува МВР.

Оттаму наведуваат дека кај Континентал пренасочувањето било поради заглавено возило, а на улицата „Цветан Димов“ поради паднато дрво на коловозот.

Од невремето во полиција е пријавено оштетување на кровни конструкции на објекти на ул. „Владимир Комаров“ и Карл Либкнехт“. Во полицијата се пријавени оштетувања на 10 возила.

Силно невреме денеска го погоди Скопје со дожд, град, ветер и грмотевици. поплавени се улици и паднати се дрва од ветерот кој повремено достигнувал брзина над 80 колометри на час, како што информираа од УХМР.

Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат од Град Скопје.