Владата ќе го вклучи и граѓанскиот сектор во преговорите со ЕУ

Дамјан Манчевски

Министерот за инфотрматичко општество и администрација Дамјан Манчевски информираше дека Владата планира да иницира заедно со граѓанскиот сектор идеи за модел за вклучување на најквалитетните претставници од Граѓанското општество во преговарачките тимови по поглавја со ЕУ.

„Се надеваме дека навистина брзо ќе имаме можност и да добиеме датум за преговори и да ги започнене преговорите со ЕУ. Станува збор и за пишување на одговорите по поглавја што ќе бидат отворени откако ќе биде утврден датумот за преговори, но пред се се работи за сериозен и темелен процес во кој што треба да бидат вклучени најдобрите и најупатените без разлика на тоа од каде доаѓаат, дали од институциите или од граѓанското општество“, рече Манчевски.