Се самоубил светски познатиот готвач и патеписец Ентони Бурдејн

Ентони Бурдеин

Ентони Бордејн, еден од најпознатите готвачи во светот и автор на кулинарскиот серијал „Бе резервација“ бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Стразбур, Франција.

Неговата матична куќа Си-Ен-Ен потврди дека се работи за самоубиство.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè фасцинираат и многу ќе нѝ недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во вакво неверојатно тешко време”, објави Си-Ен-Ен.