Јована Тренчевска, државен секретар во МТСП, информираше дека до сега се идентификувани околу 600 лица за кои се вршела проверка во базата за матичен број на граѓанинот, како и матичните книги на родените и било утврдено дека дел од нив веќе се евидентирани во матичните книги, но немаат изводи, некои се родени во болница, но не им е определено лично име, а дел во домашни услови, но никогаш не било пријавено нивното раѓање.
„Потребна е измена на законите за вонпарнична постапка и за матична евиденција во насока на отворање посебен регистар за лица кои немаат упис на граѓани и посебен регистерски број од времен карактер до упис во книгата на родени“, рече Тренчевска на денешната презентација на „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на бездржавјанството", од проф. Борче Давитковски.
.