Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи од буџетот на Косово и платил 517.198 евра на американска лобирачка компанија блиска до претседателот на САД, Доналд Трамп, јави МИА од Приштина.
Во договорот со компанијата „Балард Партнерс“ се наведува дека овие над половина милион евра се платени за „консултантски услуги“, за потребите на косовското Претседателство.
Според косовската телевизија КТВ, компанијата не е случајно избрана, со оглед на блискоста на нејзините раководители со Администрацијата на претседателот Трамп, со кого Тачи бара да се сретне во Белата куќа.