Османи: Трпение, разликите се во интерпретацијата на напишаното

Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека и кај македонската и кај грчката страна има волја и ангажман за затворање на спорот за името.

Според него, „разликите се повеќе во интерпретацијата на напишаното отколку во генералните принципи што ги искажуваат страните во разговорите“.

„Да бидеме внимателни и да чекаме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови“, рече Османи, одговарајќи денеска на новинарски прашања за време на презентацијата на новиот владин План 18.