Македонија ќе добие регистар за малигни заболувања

Илустрација

Министерството за здравство почна да спроведува мерки за превенција на малигни заболувања на годишно ниво, со поддршка на Центарот за истражување во рамки на Европската комисија. На крајот на летото се очекува експертска мисија, а веќе се почнати и подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинрско прашање, по отворањето на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии - предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво.

Тој изрази надеж дека на есен ќе имаат доволно податоци за да преземат конкретни чекори.