Протести во Грција за „одбрана“ на името

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести против компромис за името

„Македонија е грчка“ беше главната парола на синоќешните протести во повеќе градови во Грција. Демонстрантите не се согласуваат со компромис меѓу Скопје и Атина за името на Република Македонија, во кој ќе биде содржан зборот Македонија.

Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во северна Грција против евентуалниот компромис за името на Република Македонија меѓу владите на Атина и на Скопје. Протести се одржаа во 23 градови, а беа истакнувани пароли „Македонија е Грција, „почитувајте ја историјата“ и слични.

„Македонија е грчка, не е словенска, Александар Велики, антички грчки јазик, сите монети, сите споменици„

„Има само една Македонија, а таа е грчка, ние нема да му ја дадеме никому. Македонија е натопена со крв на грчки борци, македонски борци“.

„Чувствувам како да ја земаат Македонија од нас. Тие не смеат тоа да го направат“.

Изјавија дел од луѓето собрани на протестите. Меѓу другите, имаше и парола на која пишуваше: „Заев, треба да си роден Македонец, ти не можеш да бидеш тоа“.

Демонстрациите главно поминаа без инциденти.