НАТО ќе ја брани Македонија, Името не се брани на улица, Гватемала не може да се одбрани од Фуего...
МАКЕДОНИЈА / САД - Aмбасадорката Кеј Бејли Хачисон, постојаната претставничка на САД во НАТО, изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, руската агресија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името.
ГРЦИЈА - Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести. Изјавата на архиепископот им предходеше на масовните протести во повеќе грчки градови за, како што велат, заштита на грчкиот карактер на името Македонија.
УНГАРИЈА / ГРЦИЈА - Европската служба за спречување измами (ОЛАФ) се сомнева дека Грција и Унгарија се во центарот на повеќемилионска измама со увоз на кинеска облека и обувки со потценета вредност, преку инфраструктурата на новиот кинески Пат на свилата.
БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Русија треба да го смени однесувањето за да ѝ бидат укинати санкциите. Претходно, неколку европски држави побараа разгледување на можностите за укинување на западните санкции за Русија, а рускиот претседател во ТВ интервју изјави дека Москва не се плаши од тие санкции и дека тие постепено ќе бидат укинати.
АЛБАНИЈА - Неколку албански медиуми објавија дека во Албанија ќе се гради центар за повратници од Исламска држава од балкански држави, повикувајќи се на информација која според нив, ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана.
САД - Компанијата Фејсбук соопшти дека споделувала податоци со најмалку четири кинески компании, вклучувајќи го и третиот најголем производител на паметни телефони во светот, кој е под надзор на разузнавачките агенции на САД поради безбедносни причини.
УКРАИНА - Украинските власти информираа дека околу поранешната централа Чернобил избувнал пожар, но дека нивото на радијација не ги надминал границите на безбедните нивоа и дека нема место за загриженост.
ГВАТЕМАЛА - Над 192 исчезнати и најмалку 75 мртви е новиот биланс на жртвите од ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала што почнаа во неделата, јавувија западните агенции, повикувајќи се на локални медиуми.
ТУРЦИЈА - Дете од курдската заедница во Турција си игра на улица пред својот дом. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека поседувањето фрижидер во домот е знак за просперитет и дека според бројот на луѓе кои имаат фрижидер се гледа колку Турција напреднала, со што предизвика нова полемика пред предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција закажани за 24 јуни, објави Хуриет дејли њуз.