Во Албанија ќе се гради центар за балкански повратници од ИД

Неколку албански медиуми објавија дека во Албанија ќе се гради центар за повратници од Исламска држава од балкански држави, повикувајќи се на информација која според нив, ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана.

„Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји. За тоа предложив секоја држава да испрати по еден офицер за врски, за заедничката борба да биде поорганизирана“, изјавил Борисов по средба со премиерот Рама, објави порталот Албеу.

Тој нагласил дека тоа нема да биде единствен центар во Албанија со „фокус на тероризмот“.