Рајнхард Прибе, кој ја предводеше петчлената експертската група на ЕУ задолжена за системски прашања, од Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систем што се одржува во Охрид, истакна дека сите ресурси и сили во Македонија треба да се насочат кон тоа да се обезбеди владеење на правото.
„Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште мора многу да се сработи, да се спроведат неопходни реформи во евроинтегративниот процес. Очигледно е дека во извештајот централно прашање и приоритет е посочено владеењето на правото со сите аспекти што ги подразбира“, рече Прибе.