Србија и натаму одбива да го спроведе Договорот за енергетика, потпишан пред пет години во Брисел, со што, според властите во Приштина, на Косово му нанесува загуби од по 30 милиони евра годишно, објави МИА.
Немоќна да стори нешто во врска со овој договор, косовската страна продолжува да издвојува милиони евра од државната каса за да ги подмири неплатените сметки на Србите од северно Косово, пишува денешен „Зери“.
Шефот на косовскста делегација во техничките преговори со Србија Авни Арифи вели дека, со одложувањето на спроведувањето на договорот за енергетика, „Србија врши грабеж на Косово“.