Заев: Да не избрзуваме, денови се во прашање до разговорот со Ципрас

Премиерот Зоран заев изјави дека се во прашање денови кога ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во врска со изјавата на Коѕијас дека во игра се три предлози - Република Северна Македонија, Република Горна Мкаедонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен и додаде дека „не треба да се избрзува, бидејќи се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор“.

Заев не ги коментираше информациите што во јавноста ги изнесе Артан Груби од ДУИ дека можни решенија се и предлозите Република Крушевска Македонија, Република Современа Македонија и Република Европска Македонија.

„Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорениведнаш ќе бидат споделени. На крајот ќе одлучуваат граѓаните на референдум“, рече Заев.