Авионите на НАТО од денес на црногорското небо

Авиони на Воените воздухопловства на Италија и Грција како членки на НАТО, во соработка со Војската на Црна Гора, од денеска редовно патролираат низ црногорскиот воздушен простор и негова заштита, соопшти Министерството за одбрана во Подгорица.

-Заштитата на воздушниот простор е една од најзначајните форми на директна полза од членството на Црна Гора во НАТО. Црна Гора од сојузниците ќе добие поддршка за заштита на воздушниот простор преку мисија на НАТО од невоен карактер, се наведува во соопштението на црногорското Министерство.

Цел на мисиите на НАТО за контрола на воздушниот простор е да го штитат небото над земјите членки на Алијансата, кои немаат сопствени воени воздухопловства.