Руски суд го осуди украинскиот новинар Роман Сушченко на 12 години строг затвор поради шпионирање, во случај за кој украински активисти за човекови права велат дека е политички мотивиран. Сушченко, дописник од Париз за новинската агенција Укринформ, беше уапсен во Москва во 2016 година, под сомнение за собирање на класифицирани информации. Тој се изјасни дека е невин на почетокот на неговото судење во март.
Официјален Киев, активисти за човекови права и западните влади велат дека Русија затворила неколку Украинци со политички мотивирани обвиненија откако Москва го презеде Кримскиот Полуостров во март 2014 година.