Претседателот Ѓорге Иванов денеска побара од премиерот Зоран Заев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.
„Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Иванов останува на ставот дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.